ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД ИНФАРКТ А ЧИНИ ОКОЛУ 50 ДEНАРИ: Се работи за храна која …

Понекогаш вистинското богатство за нашето здравје се крие во храна која не чини многу, но може многу да помогне.

Можеби многу луѓе не ги знаат придобивките од семките од сончоглед.
Еве што ги прави толку здрави и како влијаат на нашето тело.

Сто грама семки од сончоглед обезбедуваат околу 585 калории енергија. Тие имаат добра количина на влакна (8,5 g) и масти (51,5 g).

Присутните масти се главно полинезаситени и мононезаситени кои се добри масти.

Богати се и со протеини (20,77 g). Полни се со здрави материи како тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, фолна киселина, холин, витамин Б6, витамин Ц и витамин Е.

Содржи минерали како што се калциум, железо, магнезиум, манган, фосфор, калиум, натриум во добри количини и цинк.

Исто така ни обезбедува флавоноиди и фенолни киселини, кои се силни антиоксиданси.

Содржината на влакна во семките од сончоглед, кои може да се купат по цена околу 50 денари, помагаат да се намали нивото на ЛДЛ холестеролот во крвта.

Ниацин или витамин Б3 присутен во семките од сончоглед го намалува нивото на вкупниот холестерол и ризикот од срцеви заболувања.

Еве како тие го штитат срцето

Семките од сончоглед се богати со олеинска и линолеинска киселина, а имаат малку заситени масти и натриум.

Тие исто така содржат магнезиум, калиум и влакна, поради што помагаат во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол.

Нивната употреба ја намалува и појавата на аритмии.

Сите овие фактори помагаат да се заштити телото од кардиоваскуларни нарушувања, вклучително и срцев удар.

Овој тип на семе може да го намали нивото на шеќер во крвта кај пациенти со дијабетес тип 2.

Витаминот Б6 што го содржи го подобрува расположението и концентрацијата, како и меморијата. Тие ослободуваат серотонин и норепинефрин, кои позитивно влијаат на здравјето.

Семето помага и во ублажување на симптомите поврзани со предменструален синдром (ПМС).

Тие можат да бидат сојузник при слабеење, да ги смират воспалителните процеси, да допринесат за убавината на кожата, можат да делуваат како детоксикација и во борбата против анемијата, пишува pharmeasy.in.