„Го сакам и тоа нема да се смени“ – Потресната исповед на Мајли Сајрус за нејзиниот поранешен сопруг: „Неговото изневерување не е причина за нашиот развод“ (фото)

Љубовта на Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт, која траеше цели 10 години, заврши со скандалозен развод, кој остави силен впечаток кај многумина, кој за јавноста дојде неочекувано.

Сепак, Мајли тврди дека долго време минувале низ разни премрежја па прашање на време било кога тоа навистина ќе се случи.

Ѕвездата од серијата „Hana Montana“, која сите ја паметиме и ја сакаме, се вљуби во сега веќе поранешниот сопруг на снимањето на филмот „The Last Song“, каде нивната хемија одигра најголема улога.

„Еден од елементите што го направија филмот толку посебен беше тоа што луѓето пред малите екрани имаа можност да гледаат двајца заљубени луѓе кои исто така постепено се заљубуваат во реалниот живот“, изјави Мајли за Е! News.

Мајли после 10 години врска имаше можност да се омажи за Лијам, која траеше само неколку месеци.

„И потоа, додека полека тонеш, посегнуваш по тој брод и сакаш да се спасиш. Тоа ми значеше свадбата. Последен обид да ја спасам нашата врска“.

Она што најмногу и’ пречеше на Мајли во нивната врска беа конфликтните врски кои ја пречекуваа секогаш кога доаѓаше дома, додека таа всушност копнееше по мирот што тој повеќе не можеше да и’ го даде.

Иако нејзиниот брак не траеше долго, ѕвездите не жалат што решиле да се венчаат бидејќи без тоа не би имале што да кажат.

„Интересен живот ја прави приказната многу поинтересна.”

Постојат многу претпоставки за тоа како Лијам дошол во ситуација да има афера со оскаровката Џенифер Лоренс, што во медиумите се наведува и како една од причините поради која нивната врска завршила толку трагично.

,,Лијам и јас поминавме цела деценија заедно. Го кажав тоа и претходно и ќе го повторам. Го сакам Лијам и тоа нема да се промени”, рече Сајрус.