Тирон Јајага ја презеде функцијата заменик-министер за одбрана

– Новиот заменик-министер за одбрана Тирон Јајага денеска ја презема функцијата од неговиот претходник Башким Хасани, соопшти МО.

 Досегашниот заменик-министер Хасани на новопоставениот заменик-министер Јајага му посака успех во работата, укажувајќи дека одбраната е во процес на забрзани реформи и развој и дека овој процес е од исклучително значење за развојот на Армијата, нејзината опременост и мотивираноста на армиските припадници.

 Заменикот-министер Јајага се заблагодари за честитките и порача дека сето свое искуство и знаење ќе го стави во функција на реформите и развојот на одбраната.

 Тирон Јајага е магистер по меѓународно право со меѓународни односи на Универзитетот на Кент во Брисел, огранок на „University of Kent – Canterbury“, Велика Британија. Има четиринаесетгодишно работно искуство во јавниот сектор, од кои над 10 години минати на работни позиции во Министерството за одбрана, се вели во соопштението од МО.