Го снимил моментот како го намамува: Застрашувачка сцена од убиството на украински политичар во Москва: – ,,Русија нема да ве заштити”

Украинските медиуми објавија вознемирувачки снимки од местото на убиството на поранешниот пратеник Илја Кива, кој пребегнал во Русија.

Изворите на Канал 24 тврдат дека зад „специјалната операција“ стои украинската СБУ и дека акцијата се подготвувала подолго време.

На една од фотографиите се гледа телото на опозиционерот како лежи во снегот со дамки од крв наоколу. Медиумите објавија и фотографии од пиштолот закачен на дрвото со кое наводно бил убиен. Објавена е и снимка која наводно ја снимил атентаторот додека чекал да дојде Кива.

Канал 24 пренесува дека Кива е убиен во московскиот регион недалеку од местото каде што снимал пропагандни пораки против Украина. Според извори на Канал 24, Кива била една од приоритетните цели и била ликвидирана и покрај бројните обезбедувачи.

– Ова е сигнал до сите предавници и воени злосторници кои заминаа на страната на непријателот. Русија нема да ве заштити – рекол извор од разузнавачките служби.

Илја Кива

СБУ се огласи и на својот канал на Телеграм.

– Службата за безбедност на Украина спроведува многу успешни специјални операции, тајно и тивко, со цел да им донесе заслужена казна на воените негативци и непријателите на Украина. Шефот на СБУ, Васил Маљук, претходно изјави дека нивната единствена перспектива е смртта, а тоа можеме да им го пренесеме на окупаторите и нивните соучесници. Васил Маљук, исто така, постојано нагласуваше дека непријателите на Украина дефинитивно ќе ги платат своите злосторства пред Бога и пред украинскиот народ според законот и моралот. Состојбата со ликвидацијата на Илја Кива дополнително ги потврдува тие зборови. И сите детали за специјалните операции на СБУ ќе бидат откриени по нашата неизбежна победа – изјавија СБУ.

Кива на 6 декември беше пронајден мртов во Подмосковље во паркот на хотел во селото Супонево. Руските власти соопштија дека на телото се пронајдени две рани од куршуми и најавија почеток на истрага.

Кива, поранешен полицаец и политичар, често се појавуваше во емисиите на руската државна телевизија во последниве години, критикувајќи ги потезите на Киев и упатувајќи обвиненија против украинскиот претседател Володимир Зеленски.