Го тепал, гризел и гасел цигари на неговиот двегодишен син: Татко од Хрватска осуден на доживотен затвор a зад сè се крие страшна причина
Хрватскиот државјанин Алија Хрустиќ е осуден во Милано на доживотен затвор за бруталното убиство на неговиот двегодишен син.
Хрустиќ го убил синот во стан во Сан Сиро во мај 2019 година, бидејќи не можел да го издржи плачот на детето , па гасел цигари врз неговото тело и го гризнал, што по апсењето и’ го признал на полицијата.
Имено, Алија првично беше осуден на доживотен затвор, но во втор степен таа беше преиначена на 28 години. Сега повторно е осуден на доживотен затвор.
Со оглед на тортурата, ова е прв ваков случај во Италија во доменот на семејното насилство, а тој не ни трепнал за висината на казната, пишуваа тогашните италијански медиуми.
По монструозното убиство, италијанските медиуми пишуваа дека телото на момчето било многу повредено , а обдукцијата покажала дека двегодишното дете имало модринки на лицето, трупот и долните екстремитети, неколку скршеници, каснувања, изгореници од цигари и скршеници во пределот на главата. Неговата доживотна казна вклучуваше девет месеци самица.
– ,,Сигурно очекував голема казна, но не и доживотна. Во секој случај, ова е страшна трагедија“, изјави неговиот адвокат Џузепе де Лала, кој веќе најави жалба.
,,Мислам дека никогаш не ја потценивме сериозноста на инцидентот, но искрено, не очекував дека ќе биде осуден за тортура, како што стои во пресудата. Затоа не очекував доживотен затвор. Изгледа неверојатно, но се надевав на казна од 30 години, која би ја сметал за порелевантна за делата пронајдени во пресудата, а не во написите во весниците, кои честопати не беа веродостојни” – изјави тогаш неговиот адвокат Де Лала.