ГО УБИЛА СИНОТ (5) ПА ГО спакувала ВО КУФЕР! Мајката во бунило ја изговорила БОЛНАТА ПРИЧИНА поради која му пресудила на сопственото дете
Соучесничката во понатамошното судење ќе даде исказ против мајката.
Дихуан Андерсон, мајка од Индијана чиј петгодишен син беше пронајден во куфер, беше уапсена во Калифорнија без да се спротивстави по две години бегство од законот.
Мајката на петгодишниот Каиро е обвинета за повеќе кривични дела, меѓу кои и убиство. Се сомнева дека Дижуан го убила нејзиниот син во нејзиниот дом, а во тоа и помогнала Даун Колман, криејќи го телото во густо пошумена област.
Телото на исчезнатото момче беше пронајдено во април 2022 година, ставено во куфер на кој пишуваше „Добредојдовте во Лас Вегас“. Момчето било чисто и облечено, а полицијата верува дека тој веќе бил мртов кога го ставиле во куферот.
По мајката беше издадена потерница во октомври 2022 година, а таа беше обвинета за убиство, занемарување на детето што резултираше со смрт и попречување на правдата.
Мајката изјавила дека нејзиниот петгодишен син бил „опседнат“. Пред смртта на момчето, таа наводно на Фејсбук во неколку наврати објавувала тврдења дека нејзиниот син бил демонизиран и дека и треба егзорцизам.
Осомничена за соучесништво, Даун призна дека влегла во спалната соба каде што била сведок на ситуацијата во која мајката лежела врз момчето, туркајќи го неговото лице во душекот . Таа тврди дека момчето веќе било мртво кога влегла во собата, а мајката потоа побарала помош ставајќи го своето дете во кеса за ѓубре, а потоа и куфер.
Обдукцијата покажала дека момчето починало од електролитен дисбаланс, најверојатно поради повраќање и дијареа што довело до дехидрација.
Соучесничката е осудена на триесет години затвор, а се очекува да сведочи против мајката во понатамошниот тек на судскиот процес.