Припадниците на групата Вагнер паднаа во заседа на бунтовници кои прогласија независна држава во тој дел на Мали и се борат против владата.
Група Вагнер, руски платеници, упаднаа во замка во Мали, а меѓу нив имаше високи команданти познати по злосторствата во Украина.
Вагнеровците беа во заседа од Туарезите, бунтовници кои прогласија независна држава во тој дел на Мали и се борат против владата.
Престрелката се случила во село во близина на границата со Алжир, а според некои извори блиски до групата Вагнер, цел конвој со руски платеници и членови на владините сили паднал во замка.
Антон Јелизаров познат како Лотус, кој исто така командуваше со нападите на Бахмут во 2023 година, е меѓу убиените. Лотус е познат како највисок воен командант на целата група Вагнер. По смртта на нивниот водач Евгениј Пригожин, Јелизаров требаше да стане шеф на целиот Вагнер, но тоа беше напуштено, па тој формално остана вториот човек на Вагнер.
Некои руски воени блогери на каналите Телеграм поврзани со руските разузнавачки служби тврдат дека биле убиени околу дваесет Вагнеровци. Меѓутоа, во некои други групи на Телеграм, човек кој тврди дека бил командант, тврди дека има значително повеќе мртви.
„Во моментов, според моите информации, се убиени меѓу 80 и 200 луѓе. Од нив повеќе од 15 се заробени. Станува збор за руски соборци, војници кои ги застапуваат руските интереси“, напиша лице кое објавува под прекарот Русич.
Според некои други проценки, биле заробени меѓу 17 и 50 борци.
Еден од убиените е Никита Феѓанин, модератор на телеграмскиот канал Сива зона, кој објавува вести поврзани со групата Вагнер. На социјалните мрежи има многу видеа, а на едно од нив се гледа телото на Феѓанин.
На други снимки се гледаат тела на загинати војници меѓу оклопните возила кои биле дел од нападнатиот конвој, како и соборениот хеликоптер Ми-24.