Гранатирана станбена зграда во Лавов

Руски ракетен напад врз станбена зграда во западниот град Лавов. Четворица се загинати, а деветмина повредени, тврди украинскиот министер за внатрешни работи, Клименко.

„Од експлозијата паднав од каучот. ползевме до вратата на колена. станот го нема, уништен е“, изјави жител.

„Многу луѓе спиеја, по втората експлозија веќе беа будни и трчаа да се засолнат“, додаде друг жител.

Спасувачите трагаат по преживеани меѓу урнатините. Во меѓувреме продолжуваат меѓусебните обвинувања за планиран напад врз нуклеарната централа Запорожје.

Меѓународната агенција за атомска енергија не најде докази за тврдењата за непосредна закана за објектот.