Бурата „Поли“ зафати делови од Европа и се претвори во ураган

Летната бура „Поли“ зафати делови од Европа и се претвори во ураган. Силен дожд и ветер ја зафати Холандија и делови од северозападна Германија.

Регистрирани се жртви и повредени во двете земји. Невремето го прекинаа воздушниот и железничкиот сообраќај во Холандија, а околу 300 летови беа откажани на аеродромот Шипхол во Амстердам, еден од најпрометните во Европа. Во меѓувреме, планетата ги бележи најтоплите денови досега во јули.

Според СЗО, екстремните горештини се претвораат во здравствена криза. Регистрирани се зголемен број случаи на болести и смртни исходи поврзани со топлото време.