Погледнете го овој потег! Регионот е во шок поради начинот на кој Цибона загуби! Какво промршување!!! (ВИДЕО)

Дуелот меѓу МЗТ и Цибона секако ќе биде предмет на истрага на управата на АБА лигата, бидејќи видовме неверојатни сцени.

Цибона водеше на полувремето 53:41, но во второ полувреме како да не играа кошарка.

Имено, третата четвртина заврши со резултат 30:5. Домашната екипа одигра многу добро, но… Тоа што го направија загрепчани беше срамно.

МЗТ на крајот ги „рутинираше“ (87:74) и оствари победа која обезбедува опстанок во лигата.

Погледнете еден од комичните моменти од второто полувреме кој кажува сè:

Последица на овој резултат е што Борац тешко ќе опстане во АБА лигата. Имено, тие сега треба да го победат Будуќност во Подгорица во сабота за да завршат пред МЗТ.