Приведен анестизиологот од тетовската болница кој снимал и објавувал пациенти на “тик ток”

– Од МВР за МИА потврдуваат дека е приведен анестизиологот кој снимал и објавувал пациенти на „тик ток”.      

Во тетовско Одри синоќа во 23.40 часот полициски службеници го привеле  В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на П.В., директор на Клиничка болница
Тетово дека В.Д. ,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата “тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.