Изведена „Златна сабја” во Косово: КФОР распореди сили околу Нови Село!

Мисијата на КФОР на Косово и Метохија соопшти дека вчера во близина на својата база во Нови Село извела воена вежба наречена „Златна сабја 2023“.

Целта на вежбата „Златна сабја“ на КФОР е да се тестираат процедурите и подготвеноста за брзо распоредување сили за решавање на секое можно кризно сценарио, се вели во соопштението на Мисијата.

– КФОР преку овој вид обука одржува високо ниво на подготвеност на своите единици, оценувајќи ги координативните мерки на различни команданти на различни нивоа и усовршувајќи ги и стандардизирајќи ги командните и контролните процедури – се вели во соопштението.

Заклучено е дека мултинационалниот контингент на КФОР постапува во согласност со мандатот на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со задача да обезбеди безбедна средина и слобода на движење за сите заедници на Косово и Метохија.