Грковска: За мене суштински се забелешките на САД за измените во Кривичниот законик

Вицеремиерката за борба против корупцијата и криминалот Славица Грковска денеска изјави дека се сомнева во измените во Кривичниот законик.

„Написот за најпроширена конфискација во основа е напис од мојот кабинет. САД се наш стратешки партнер и за мене нивните забелешки и коментари за овие промени ќе бидат од суштинско значење. Исто како ЕУ“, рече Грковска.

Собранието со европско знаменце и забрзана постапка минатата недела ги изгласа измените во Кривичниот законик, според кои се предвидува намалување на казните за функционерите кои ја злоупотребиле службената должност, што го упати и претседателот Стево Пендаровски.