Груби: За иднината на нашата држава подготвени сме да се откажеме од привремената влада и од албанскиот премиер
Заменик Премиерот Артан Груби изјави дека одлуката за оставка на министрите од редовите на ДУИ е во функција на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
Груби изјави дека со одлуката за депонирање оставки од министрите, ДУИ и го отворила патот на македонската опозиција да гласа „за“ уставните измени.
Груби рече дека со одлуката што ја објави вчера лидерот на партијата, Али Ахмети, ДУИ се откажала од ветувањето дадено на последните парламентарни избори за албански премиер во Северна Македонија и тоа го прави „за доброто на граѓаните и за придобивките од интеграцијата во ЕУ“.
„Ако одиме во опозиција, во тој случај опозицијата (ВМРО-ДПМНЕ) би гласала за уставните измени, за кои се потребни две третини во Собранието, кажавме дека за иднината на нашата држава сме подготвени да дадеме и од привремената влада и од албанскиот премиер и од нашите мандати. Од се што е политички договор на коалицијата се откажуваме, под услов македонската опозиција да гласа за уставните измени“, изјави Груби за „Т7“.
Членот на претседателството на ДУИ потсети дека условот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, таа партија да гласа за вклучување на бугарското малцинство во Уставот на земјата е „излезот на ДУИ и на Албанците од власта на државата и формирање моноетничка влада“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
„Познато е дека пред два месеци имаше средба на премиерот (Димитар) Ковачевски со лидерот на опозицијата, Мицкоски, при што Мицкоски потенцираше дека единствен услов на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се гласа за уставните амандмани, кои се услов за продолжување на нашиот европски пат е излегувањето на ДУИ и на Албанците од владата на државата и формирање моноетничка влада на двете главни македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тоа значи, вклучувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот не ја спречува опозицијата, не спречува ништо друго, туку ги спречува Албанците да бидат во владата и ги спречува еднаквоста меѓу Македонците и Албанците“, рече Груби
Одлуката за оставки на министрите, додаде првиот вицепремиер, не е неочекувана, бидејќи „определбата на Ахмети и ДУИ за целосна интеграција на Северна Македонија во ЕУ не е денес, не е вчера, но актуелна е од основањето на партијата“.