Грција продолжува да се бори со шумските пожари на островот Родос

Грчките власти во вторникот евакуираа стотици жители од селото Генади на грчкиот остров Родос поради шумски пожари, јавува Anadolu.

Повеќе од 20.000 луѓе, главно туристи, досега се евакуирани од Родос, соопштија властите.

Министерството за климатски промени и цивилна заштита редовно споделува информации за да им обезбеди на цивилите упатства и детали за евакуација.

Грчката противпожарна служба во вторникот објави дека островот Евија и неколку други региони, вклучително и централна Атика, се соочуваат со екстремен ризик од пожар, додека другите региони се со многу висок или висок ризик.

Пожарите ја пустошат Грција од минатата недела, а неколку земји пружија помош во гаснењето на пожарите кои изгореа куќи и шуми.