Најпопуларниот интернет пребарувач во светот Гугл објави мапа на која се гледа која марка на автомобили во која земја најчесто се „гугла“.
Судејќи по неа, најпопуларен меѓу Балканците е БМВ.
Hyundai го освои вниманието на Русите, Французите го сакаат своето Renault, Швеѓаните го сакаат своето Volvo, а најновите трендови во автомобилската индустрија се чини дека најмногу ги следат Норвежаните, кои најмногу ја бараат Tesla.