Никогаш нема да погодите: Вака го добило името Porsche 911!

Изборот на име за нов модел не е лесна задача за ниту еден производител на автомобили. Затоа, освен ако нивните имиња потекнуваат од митологијата или не се именувани по местото каде што се создадени, имињата на автомобилите често претставуваат вистинска мистерија.

Земете ја на пример иконата на спортските автомобили, Порше 911, чијшто надворешен дизајн е производ на еволуцијата која започна уште во 1963 година кога се родил оригиналниот модел. Кој знае зошто 911 се нарекува 911?

Во краткото видео под текстот беше објаснето дека првичниот план бил новиот автомобил да се вика Порше 901. Меѓутоа, тој план пропаднал, бидејќи пристигнало писмо од Peugeot, во кое се наведува дека компанијата законски ги заштитила сите имиња на автомобили кои содржат три броја, а во средината има 0.

Тоа значеше дека на Porsche нема да му биде дозволено да го користи тоа име, ниту пак 801, 602, 704 и слично. Со оглед на тоа што Porsche веќе имаше планови да ја стави таа ознака на задниот дел од автомобилот, како и на контролната табла, и дека бројките се веќе испечатени и зачувани, компанијата мораше брзо да одлучи што да прави без да изгуби многу пари. Тогаш им текна едноставна идеја, да ги исфрлат сите нули и да испечатат онолку единици колку што ќе го заземат нивното место.

Така се роди името 911, кое и денес влева стравопочит во целата автомобилска индустрија. Погледнете го видеото во кое претставникот на компанијата го објасни потеклото на името на овој модел.