НОВИ ВЕЖБИ- Ким Џонг-ун повторно се закани со нуклеарни напади, ги обвини САД и Јужна Кореја: „Мораме да спречиме војна“

Севернокорејскиот диктатор ова го изјави откако истрела уште една балистичка ракета која прелета 800 километри

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун рече дека неговата земја треба да биде подготвена да изврши нуклеарни напади во секое време за да ја одврати војната, обвинувајќи ги САД и Јужна Кореја за проширување на заедничките воени вежби кои вклучуваат американски нуклеарни средства, објави во неделата новинската агенција КЦНА.

Ким ова го изјави откако Северна Кореја, според државната новинска агенција KCNA, спроведе нуклеарни тактички вежби со цел да испрати силно предупредување против сојузниците.

Во вежбите, балистичката ракета прелета 800 километри пред да погоди цел на височина од 800 метри, според сценариото за тактичко нуклеарен напад, соопшти КЦНА.