Г7 ги предупредува третите земји на воена поддршка за Русија

 Групата седум индустриски развиени земји (Г7) ги предупреди третите земји да не и даваат воена поддршка на Русија за војната на Москва против Украина, во заедничката изјава објавена од министрите за надворешни работи на Минхенската безбедносна конференција .

Г7 е решена да ги санкционира земјите кои обезбедуваат материјална поддршка за нелегалната војна на Русија против Украина или ги заобиколуваат санкциите кон Русија. Таквите земји би се соочиле со значителни трошоци, се вели во соопштението.

Г7 ги вклучува Германија, САД, Франција, Британија, Италија, Канада и Јапонија.