Дали бебето ќе личи на таткото или мајката? Сите родители се прашуваат ова додека бебето е во утробата: Еве чии гени се посилни

Додека чекаат бебе, многу родители замислуваат како ќе изгледа нивното малечко и се прашуваат како ќе изгледа. Понекогаш мајките и татковците се надеваат дека детето ќе има одредена боја на очите како што има едно од двајцата, но факт е дека е невозможно со апсолутна сигурност да се предвиди од кого, што ќе наследи детето.

Сепак, науката утврдила одредени законитости во однос на тоа што најчесто од кого наследува детето – што не значи дека е така кај сите, а еве еден интересен податок од кого ја наследува убавината.

Бебе, новороденче

Влијанието на родителските гени врз развојот на детето

Кога станува збор за тоа на кого ќе изгледа бебето, треба да се запомни дека детето подеднакво наследува и од таткото и од мајката. Се случува детето да изгледа многу слично на еден од родителите а може да се случи и да нема толку очигледна физичка сличност со никој од семејството. Секое дете на одреден пар може да наследи детали по изглед од едниот и другиот родител, па на пример, постарото дете има иста уста како мајката, а помалото дете има иста уста како таткото, пишува dziecko.medonet.pl. 

Додека бебето сè уште се развива во стомакот на мајката, гените на таткото влијаат на неговиот развој, а понекогаш гените на мајката и таткото соработуваат, понекогаш се во конфликт – таков пример е кога гените на таткото ја „тераат“ жената да пренесе што повеќе хранливи материи за бебето, додека гените на мајката се трудат да ги зачуваат хранливите материи кои се неопходни за породување и доење.

Сличен „судир“ се случува и со други гени. На пример, гените кои го контролираат трансферот на хранливи материи преку плацентата до фетусот „работат“ за да го спречат бебето да стане преголемо, додека гените на таткото промовираат складирање на маснотии. Во оваа смисла, големината на бебето при раѓање зависи од тоа кој од овие гени ќе победи, но секако улога во тоа има и исхраната на трудницата, како и некои здравствени проблеми кои можат да влијаат на тоа.

Детето може да наследи гени од својот татко кои го предиспонираат за дебелина – конкретно, ова се однесува на тенденцијата за акумулација на маснотии околу стомакот, бутовите и задникот.

бебе бебе

Секако, изгледот и големината на бебето при раѓање не се мерило за тоа како ќе изгледа детето во иднина. Повеќе од 100 гени влијаат само на висината, па без оглед на тоа колку е високо бебето при раѓањето, големи се шансите неговата подоцнежна висина всушност да зависи од генетските предиспозиции.

Наследноста на физичкиот изглед

Така, детето потенцијално може да наследи одредени карактеристики како што се обликот на носот, устата или ушите од еден од родителите, иако не може однапред да се одреди од кого ќе го наследи. Сепак, некои карактеристики во изгледот секогаш се под влијание на гените на двајцата родители.

Кога станува збор за бојата на очите, правилата за наследување се доста специфични – доминантните гени се одговорни за темните очи, додека рецесивните гени се одговорни за посветлата боја на очите. Во овој случај, сепак, не се важни само гените на родителите, туку и гените на бабите и дедовците. Ако бебето има темни очи при раѓањето, тие најверојатно ќе останат така, додека некои бебиња се раѓаат со сино-сиви очи, но таа боја со текот на времето се менува и се усогласува со онаа што детето генетски ја добива.

Бојата на косата зависи и од гените – рецесивни или доминантни – кои се пренесуваат од двајцата родители. Ако родителите имаат темна коса, а бебето светла, тоа значи дека има наследено рецесивни гени. Во овој случај, гените кои го контролираат производството на меланоцити т.е. пигментните клетки, се одговорни за бојата на детската коса. Оваа боја се менува со текот на времето, па косата на детето може да почне да потемнува на околу три години, а тоа може да се случи и за време на пубертетот.