Дали би платиле 290 евра за пилешко? Јадењето што го нуди францускиот ресторан е меѓу најскапите во светот (ВИДЕО)
Елиот Розенберг е креатор на страницата за преглед на храна Eat My Critique, а неодамна посети и француски ресторан во кој се служи едно од најскапите јадења со пилешко во светот.
Споделувајќи го видеото на TikTok, тој објасни дека го посетил ресторанот Paul Bocuse во Лион, каде пилешкото Bresse чини дури 290 евра.
„Беше навистина кул да се гледа како пилешкото излегува од надуениот мочен меур на свињата, имаше прекрасен крем сос и одлични печурки, но нема шанси повторно да го нарачам ова пиле. Искрено, сум пробал и подобро, но пилешкото не беше сè што нарачавме“, изјави тој со снимката.
Покажувајќи како всушност изгледа ова јадење, тој истакна дека се работи за пилешко од 290 евра и дека може да биде најскапото пиле на светот.
„Пилешкото со тартуфи се подготвува во мочниот меур на свињите и доаѓа со сос кој е доста добар, но на крајот од денот имаше вкус на „многу добро пилешко“, а за 290 евра морав да бидам воодушевен“, вели тој во видеото.
Ресторанот е именуван по францускиот готвач Пол Бокус, кој бил еден од највлијателните и најпознатите француски готвачи. Тој почина во 2018 година, а неговите ресторани се светски познати.