ДАЛИ ВЛАДИМИР ПУТИН ЌЕ ДОЈДЕ НА ПОГРЕБОТ НА ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН !? Сите очи вперени кон Кремљ: Димитриј Песков стави крај на диелмата
Кремљ соопшти дека густиот распоред на претседателот на Русија, Владимир Путин, може да биде причина поради која тој можеби нема да присуствува на погребот на водачот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека се уште не е можно да се каже дали Владимир Путин ќе може да присуствува на погребот на Евгениј Пригожин.
„Не знаеме колку време ќе траат потребните истраги поврзани со истрагата. Затоа, сега кога нема датум за погребот, воопшто не може да се зборува за тоа. Така што единственото нешто што можам да кажам е дека претседателот има прилично напорен распоред во моментов“, им порачал Дмитриј Песков на новинарите.
Оваа вест беше објавена неколку часа откако Владимир Путин го прекина молкот за смртта на Евгениј Пригожин. Претседателот на Русија во четвртокот кажа дека водачот на групата Вагнер е талентирана личност која направила сериозни грешки во својот живот.
Сепак, рускиот претседател не ја потврди експлицитно смртта на Евгениј Пригожин. Приватниот авион на Евгениј Пригожин кој патувал од Москва за Санкт Петербург се урна во средата во близина на селото Куженкино во руската област Твер, при што загинаа сите 10 лица во него, соопштија руските власти.
Несреќата се случи точно два месеци откако Евгениј Пригожин го предводеше неуспешниот бунт против врвот на Кремљ, во она што тој го опиша како „марш кон Москва“.
Причината за падот на авионот останува неутврдена, иако некои извештаи сугерираат дека авионот бил соборен од руската против-воздушна одбрана. Украина ја отфрли одговорноста, а Кремљ соопшти дека шпекулациите дека Евгениј Пригожин е убиен по наредба на Владимир Путин се „апсолутна лага“.