Дали војната се префрли и во Америка? Конфликт во Њујорк, Палестинци го палат и газат знамето на Израел, се тепаат во близина на зградата на ОН (ФОТО, ВИДЕО)

На њујоршкиот Тајмс Сквер, американската полиција мораше да постави кордон меѓу стотиците пропалестински демонстранти и контрапротестите организирани од поддржувачите на Израел.

„Њујорк пост“ објави дека пропалестинските демонстранти го газеја и запалија израелското знаме на протестот во неделата.

Се наведува дека тоа се случило додека исламските терористи од Хамас го продолжиле нападот врз еврејската држава кој започна во саботата наутро.

На Менхетен се собраа и голем број од оние кои го поддржуваат Израел, но во текот на денот поради присуството на полицијата најголемиот дел се сведе на вербални пресметки.

,,Њујорк пост” наведува дека ималo една тепачка што избила во близина на седиштето на Обединетите нации во центарот на градот.

Се наведува дека еден од учесниците на пропалестинските демонстрации бил снимен со слика од нацистичката свастика која ја чувал како слика на својот мобилен телефон на денот кога Хамас уби најмалку 700 Евреи во Израел.

,,Тајмс оф Израел” објави дека демонстрантите кои го славеле нападот на Хамас извикувале „700“ поради бројот на загинати Израелци.

Се вели дека носеле палестински знамиња на Тајмс Сквер и извикувале „отпорот е оправдан“, „глобализирај ја интифадата (палестинскиот бунт)“ и „уништи ја доселеничката ционистичка држава“.

Од друга страна, поддржувачите на Израел возвратија со пеење на националната химна, бидејќи меѓу нив имаше многу израелски граѓани.

Тие вееја израелски знамиња и извикуваа „срамота“ и „убијци“ во насока на пропалестинските демонстранти.