Дали газираната вода влијае на здравјето на забите?

Најголемата заблуда е дека газираната вода ја оштетува забната глеѓ и предизвикува кариес.

Здравјето на забите е важно, бидејќи тоа влијае на квалитетот на вашата насмевка, но и на вашето општо здравје. Здравите заби ќе ви овозможат да се храните добро, да дишете добро и да имате свеж здив. Постојат многу чекори што можете да ги преземете за да го заштитите вашето орално здравје, како што се четкање, секојдневно чистење и редовни прегледи.

Но, дали знаете колку е важна водата  за пиење за здравјето на забите?

Кариесот е предизвикан од бактерии, а 99% од бактериите се убиваат од кисела средина. Храна за бактериите се шеќерите во јаглехидратите. Газирана вода со pH вредност од 3,5 е средина која ги убива бактериите и е корисна за плакнење на устата и непцата.

Затоа е добро да се напиете чаша или две газирана вода после оброк.

Наместо скапи препарати за миење уста кои имаат pH од 3-3,5, поздраво е да се напиете чаша газирана вода и со неа да ја исплакнете устата! Покрај тоа, ќе внесете хранливи минерали и ќе го хидрирате телото!

Истражувањето од 2001 година објавено во „Journal of Oral Rehabilitation“ вели дека „минералните води нудат безбедна алтернатива на поерозивните кисели пијалоци и нивниот комплексен состав на минерални јони може позитивно да влијае на секој процес на растворање на површината на забот“.

Постојат бројни предности што може да ги донесе консумацијата на газирана минерална вода – помага во детоксикација  на телото, не содржи калории, ги надополнува електролитите, а може да биде и извор на есенцијални минерали.

Затоа, треба да им верувате на експертите дека газираната вода е одличен избор!