На денешното дерби помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед на стадионот „Емирати“, домашниот тим носи сосема необични дресови, такви какви што не гледаме во Премиер лигата и Лигата на шампионите, а зад се е позитивна иницијатива.
Во Арсенал веќе подолго време трае кампањата „Нема повеќе црвено“, односно сакаат да стават крај на „црвената боја“ која алудира на крв.
Иако главната боја на клубот е црвената, Арсенал ја спроведува иницијативата „Нема повеќе црвено“ на натпреварите од ФА Купот за да го спречи насилството кај младите и употребата на ножеви. Топџиите сакаат да привлечат внимание на зголемениот број на вакви инциденти во Лондон, но и на пошироката заедница.
Покрај тоа што целиот дрес е бел, грбот, логото на главниот спонзор на клубот, како и бројот на задната страна се исто така бели, па тешко е да се разликува задниот дел од нечиј дрес.
Полувремето од дербито на 32. коло на ФА Купот помеѓу Арсенал и Јунајтед заврши без голови, но Бруно Фернандеш го отвори вториот дел за водство на „црвените ѓаволи“.