Дали е спречен атентат на Бајден!? Возач на камион поврзан со нацистите предизвика инцидент за убиство на американскиот претседател

Возачот на камионот за изнајмување кој во понеделникот удри во барикади во близина на Белата куќа се соочува со повеќе обвиненија, вклучително и закана дека ќе го убие американскиот претседател, соопшти денеска американската полиција.

Се додава дека во камионот било пронајдено нацистичко знаме, пренесува Гардијан.

Осомничениот е обвинет, меѓу другото, дека ќе го убие, киднапира или повреди американскиот претседател, потпретседател или членови на неговото семејство, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, тој се соочува со обвиненија за напад со опасно оружје, незаконско навлегување во приватна сопственост, уништување на федерален имот и опасно управување со возило.

– Прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека постои можност возачот намерно да удрил во безбедносните барикади на плоштадот Лафајет – соопшти американската тајна служба.