Дали имате чувство на печење во устата кога јадете ананас? Еве зошто тоа се случува (Видео)

На профилот ТИКТОК на SF Microscopy беше откриено зошто имаме чувство на печење или пецкање во устата кога јадеме ананас. Како што објасни неименуваниот експерт, во ова овошје има „илјадници игли кои не боцкаат“.

На видеото, кое е прегледано дури 36 милиони пати, научникот држи пинцети и зема неколку примероци од ананас и ги става на слајд со микроскоп. Потоа ни го покажува резултатот од прегледот под микроскоп и открива десетици мали шилци, кои не се видливи со голо око.

@sf_microscopy

One of my favorite fruits is pineapple, but every time I eat them, my mouth tingles. I read that the fruit contains raphides! Kiwis, grapes, taro, and yams also have large amounts of these crystals. These needles serve as a defensive function against insect herbivors to deter them from eating the plant’s fruits and protect the seeds. The needles work with other chemcial substances, like bromelain in the pineapple, to amplify the effects. #microscope #microbiology #underthemicroscope #microscopy #microcosmos #nature #pineapple #crystals #fyp #fypage #fypシ

♬ Sunshine – WIRA

„Ананасите имаат илјадници игли наречени рафиди. Овие кристали на калциум оксалат создаваат дупки во вашите клеточни мембрани, предизвикувајќи иритација“, објасни таа, додавајќи дека овие кристали се наоѓаат и во кивито, грозјето, калинките и слаткиот компир.

„Овие игли служат како одбранбена функција против тревопасните инсекти. Тие ги одвраќаат да го јадат растението и на тој начин ги штитат семињата“, истакна таа.

Многумина мислеа дека ова необично чувство на печење се должи на алергија, но сега сфатија дека можат да продолжат да го консумираат овошјето.