„Дали и ние треба да имаме 200-300 илјади мртви!?” Вучиќ откри зошто Србија не воведува санкции кон Русија

Коментирајќи ја изјавата на Борко Стефановиќ кој во Собранието рече дека „Украина е поблиску до Европа отколку Србија“, Вучиќ го рече следново:

– Велат дека Украина е поблиску до Европа отколку Србија. Да имаме 300 или 400 илјади мртви, уништени градови и да не контролираме 25 проценти од територијата на нашата држава? Дали го сакате тоа за Србија, па ја споредувате со Украина? Тоа се политички игри.

– Србија не воведува санкции кон Русија поради двојни стандарди. Кога ќе дојдете кај нас Србите и ќе кажете дали го поддржуваме територијалниот интегритет на Русија, јас велам „Да“, а потоа прашувам дали нашите пријатели го поддржуваат територијалниот интегритет на Србија во согласност со истата Повелба на ОН или резолуцијата 1244. Повторно молк. Ни воведоа санкции. Моралната позиција на Србија е најважна. Не заработуваме од тоа и не сум сигурен дали ќе издржиме на таа позиција – изјави Вучиќ“.