Русија: Соборено е украинско беспилотно летало што се обидело да нападне нуклеарна централа

– Украинското беспилотно летало што се обиде да ја нападне руската нуклеарна централа во областа Курск беше соборено, изјави денес регионалниот гувернер Роман Старовоит, пренесува Анадолу.

„Беспилотното летало е разнесено во воздух на само неколку километри од електраната, во близина на станбена зграда во градот Курчатов, изградена за сместување на персоналот што работи во нуклеарната централа“, се вели во соопштението на „Старовоит“ на Телеграм.​​​​​​​

Тој наведе дека експлозијата не предизвикала жртви, но дека ја оштетила зградата.

Во одвоено соопштение гувернерот на областа Вороњеж, Александар Гусев, рече дека три украински беспилотни летала синоќа биле соборени од системите за противвоздушна одбрана.

„Вчера, на неколку километри од Вороњеж, системите за противвоздушна одбрана идентификуваа и уништија три беспилотни летала“, рече гувернерот, додавајќи дека нема жртви или материјална штета.

Областите Вороњеж и Курск се граничат со Украина.

Украинските вооружени сили во последниве месеци извршија серија напади врз руските погранични региони, вклучително и напади со беспилотни летала и артилерија.