Дали Лукашенко е болен? Ја објави својата прва фотографија по една недела, има завој на раката

Белорускиот државен информативен канал објави фотографија од белорускиот претседател Александар Лукашенко во воениот команден центар во понеделникот, во неговото прво јавно појавување по речиси една недела откако започнаа шпекулациите за здравјето на 68-годишниот белоруски лидер.

Телеграмскиот канал Pul Pervovo, државен медиум кој известува за активностите на Лукашенко, објави дека белорускиот претседател работи во централната командна база на воздухопловните сили.

На фотографијата изгледа дека има завој на левата рака.

Лукашенко последен пат беше виден во јавноста на 9 мај на настаните за Денот на победата во Москва и во белорускиот главен град Минск.

Неговото непојавување во јавноста од минатата недела предизвика информации дека е однесен во медицинска установа, но тоа не е официјално потврдено.