Младо момче од Русија живее со најголемиот волк во светот. Акела е црн канадски волк кој живее во домот на Андреј Мусиенко.
Волкот Акела ужива да си игра, но никако не смеете да застанете меѓу него и неговиот оброк. Андреј вели дека волкот е негово милениче кое сака да се гали и да си игра со него.
Тој секојдневно објавува снимки на социјалните мрежи, а сите му завидуваат на храброста.
Андреј се грижи за волкот уште од младенче. Волкот е многу добар со луѓето, но незгоден со други кучиња.