Дали Русите кријат нешто!? Се појави видео на кое се гледа како моќен проектил ја погодува зградата на Црноморската флота додека таа веќе била во пламен (ВИДЕО)
Во вчерашниот напад на тврдината на Црноморската флота во Севастопол на Крим, според руската страна, загинал еден руски војник. Денеска сепак се појавија информации од ривалската страна каде се тврди дека во нападот на оваа зграда загинале десетина Руси, а речиси 20 се ранети.
– Заради работата на силите за специјални операции успешно е извршен напад на тврдината на Црноморската флота точно во моментот кога во привремено окупираниот Севастопол се состанувал повисокиот штаб на руската морнарица – стои во соопштението на Украинскиот специјални сили (SOF), пренесе Си-Ен-Ен.
До овој момент, информациите кои кружеа на интернет беа дека само еден проектил успешно ја достигна целта и ја погоди зградата на Црноморската флота, но сега на социјалната мрежа Х се појави видео на кое јасно се гледа дека вториот проектил ја погодува зградата на Црноморската флота која во тој момент веќе била во пламен.
Која е вистинската вистина и дали Русија ја ублажува и крие вистината за украинското гранатирање на Севастопол?