ДАЛИ СМЕ НА ЧЕКОР ОД НУКЛЕАРНА ВОЈНА? Американски возила ја нападнаа територијата на Русија, итно се огласи Белата куќа

Официјален Вашингтон ги проверува извештаите во кои се тврди дека Украина користела американски воени возила на територијата на Русија, изјави денеска на брифинг со новинарите портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

Според него, јасно му било кажано на Киев дека САД не поддржуваат употреба на американска (воена) опрема за такви цели, пренесува Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека се уништени украинските националистички диверзантски формации кои извршија инвазија на територијата на Белгородската област, во пограничната зона со Украина и дека во таа прилика се убиени „повеќе од 70 терористи“.

Осум цивили се повредени во нападот на украинската диверзантска група, но нема жртви, објави претходно РИА Новости.