ЕДНОСТАВНО НАЈДОБРА: Кралицата на рокот остави неизбришлива трага, еве која беше Тина Тарнер!

Ана Меј Булок , попозната како Тина Тарнер, беше една од најпопуларните пејачки досега.

Со својот моќен и кадифеен глас ја освои публиката ширум планетата.

Тина Тарнер

Американска пејачка и актерка која имала швајцарско државјанство од 2013 година, чија кариера траела повеќе од 60 години. Нејзиниот успех, популарност и бројни награди и ја донесоа титулата кралица на рокенролот.

Тина Тарнер ја започна својата кариера на 19 години, во 1958 година како пејачка и придружен вокал во Kings of Rhythm заедно со Ајк Тарнер, со првиот сингл т.е. со песната „Мала Ен“ (Малата Ен). Во 1960 година, на пошироката јавност и стана позната како Тина Тарнер кога настапи заедно со Ајк Тарнер, со кого беше во брак од 1962 година до нивниот бурен развод во 1978 година.

Зад себе остави многу хитови, награди и настапи по кои публиката ќе ја памети. Исто така, таа важеше за жена со најубави нозе на светот.

Пејачката почина денеска на 83-годишна возраст, соопшти нејзиниот портпарол.

Нејзиниот претставник во изјавата рече:

„Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“ почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија.