ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД НАПАД НА МОРСКИ ДРОН НА РУСКИ БРОД: Успеал да стигне на 100 метри, но еден куршум го разнесе (ВИДЕО)

Руското Министерство за одбрана објави наводна видео снимка од напад на разузнавачко-истражувачкиот брод на Црноморската флота „Иван Курс“ на 140 километри од Босфор.

На снимката, наводно, се гледа украински поморски дрон , кој украинските воени власти и морнарицата го користеле неколку пати во напади врз руски цели на море и во пристаништето Севастопол, како го напаѓа бродот.

Се гледа и дека екипажот на бродот испукал тешки митралези од 14,5 мм со кои нападот бил одбиен.

 Вооружените сили на Украина неуспешно се обидоа со три беспилотни пловила околу 5 часот и 30 минути да го нападнат бродот на Црноморската флота „Иван Курс“, кој ги извршува задачите за обезбедување на Турски тек и гасоводот Син тек, кои се лоцирани во ексклузивната економска зона на Република Турција – се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Разузнавачкиот брод на Црноморската флота продолжи со задачите откако го одби нападот.

– Сите непријателски морски дронови беа уништени со оган од стандардното оружје на рускиот брод на 140 километри североисточно од Босфорот. Бродот продолжува да ги исполнува своите задачи – се додава во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Дрон од 250.000 долари

Во оскудните информации за водниот дрон, Украинците наведуваат дека беспилотниот површински брод има авто-пилот, видео потсистеми (вклучувајќи ноќно гледање), резервни комуникациски модули и борбена функционалност.

Во опремата се вклучени трошоците за копнената автономна контролна станица и средствата за транспорт и складирање, односно центарот за обработка на податоци.

Целта на беспилотните површински бродови, како што наведуваат изворите на Ураџин, е стратешко поморско извидување далеку од брегот и со тоа учествува во надзорот и известувањето на крајбрежјето, следењето на трговските бродови, одбраната на базите и спротивставувањето на поморските операции за слетување.