Современите бракови минуваат низ кризни периоди под товарот на секојдневниот живот, финансиските тешкотии, но и поради недостаток на време за сериозно инвестирање во емотивни врски.
Пандемијата на коронавирусот и мерките што го ограничуваа движењето беа сериозен тест за меѓучовечките односи во изминатата година, особено за партнерството и институцијата брак.
Економистите од Универзитетот во Вирџинија во САД, Леора Фридберг и Стивен Стерн, го спроведоа истражувањето како дел од Националното истражување за семејства и домаќинства. Тие формулираа две прашања чии одговори треба да ја дешифрираат вистинската природа на брачните односи и среќата на ваквите заедници.
Истражувањето е спроведено на 4.242 брачни парови.
Колку сте среќни во брак во споредба со тоа колку би биле среќни ако не сте во брак?
Понудените одговори беа – многу помалку, помалку, исто, повеќе, многу повеќе.
Што мислите, како вашиот сопружник одговори на тоа прашање?
„Поентата на љубовта е да ве направи среќни и фактот дека вашиот сопружник е едноставно среќен. На пример, би можела да се согласам да работам повеќе домашни работи, што донекаде ја намалува мојата лична среќа, но се компензира со знаењето дека мојот партнер има придобивки, односно дека е посреќен“, рече Леора Фридберг и додаде дека се чини дека многу парови не му даваат важност на тоа.
Само 40,9 проценти од паровите кои учествувале во истражувањето биле во можност да предвидат што би рекол нивниот партнер. Дури една четвртина од испитаниците покажале сериозни разлики во перцепцијата на среќата како брачна двојка, истакна таа.
Паровите кои признале дека нема да бидат помалку среќни доколку не бидат во брак, или оние кои погрешно претпоставиле како сопружникот одговорил на првото прашање, се разведувале почесто.
„Стапките на развод беа почести меѓу оние кои изјавија дека се посреќни во брак отколку што би биле доколку не биле во брак, како и меѓу оние парови кои ја прецениле среќата на своите партнери“, објасни Стивен Стерн.