Дали страдате од мрзливи црева? Овој рецепт ќе ви ги реши проблемите!

Лошата и нередовна исхрана, како и стресот, се главен проблем на современото општество и се повеќе се причина за проблеми со цревата.

Доколку и вие страдате од мрзливи црева, овој рецепт ќе ви ги реши проблемите:

Состојки:

– 100 гр сливи без јами
– 100 гр суви смокви
– 100 гр ливадски мед
– 10 гр сецкан лист сена (лат. Senna Cassia, Senna Angustifolia)

Сомелете го сувото овошје и измешајте го со мед и сено.

Чувајте ја смесата во фрижидер и јадете по една лажичка секоја вечер.

Сите овие состојки се одлични за „отварање“, а особено растението сено е докажано како ефикасно во спречување и лекување на запек. Сена (лат. Senna Cassia, Senna Angustifolia) е растение распространето во тропските области на Источна Африка, Арабија и Индија, каде што расте во форма на грмушка која достигнува висина и до 300 сантиметри.

Грмушката сена цвета со жолти цветови, листовите се тесни и наредени во парови, а плодот од сена е рамна хартиена мешунка. Листовите и мешунките сена се лековити бидејќи содржат природни лаксативни материи, антрахинони, кои делуваат многу силно при хроничен запек (запек).