Планот е овие функции на платформата да бидат лансирани до крајот на 2024 година, им најави Маск на вработените
Милијардерот Илон Маск (Маск) планира X (поранешен Твитер) да стане финансиска институција која би променила некои од најважните функции на банките за корисниците, како што се испраќање пари и плаќање сметки, но и инвестирање на пазарите на капитал.
До крајот на 2024 година
Планот е овие функции на платформата да бидат лансирани до крајот на 2024 година, им најави Маск на вработените.
- Кога велам плаќања, всушност мислам на целокупниот нечиј финансиски живот – објави Маск, како што се слуша на аудио снимка до која дојде The Verge.
- Ако тоа вклучува пари, тоа ќе биде на нашата платформа. Пари или хартии од вредност или што и да е. Значи, не се работи само за испраќање 20 долари на мојот пријател. Зборувам за тоа дека нема да ви треба банкарска сметка – вели Маск, пренесе Bankar.me.
Добивање лиценци
Компанијата моментално работи на добивање лиценци за вршење парични трансакции низ САД, за да може легално да нуди финансиски услуги. Маск им кажа на вработените дека се надева дека ќе ги добие дозволите „во следните неколку месеци“.
Милијардерот и претходно зборуваше за неговите планови да го претвори X во „финансиски центар“, а дури и Twitter зеде ново име од својата онлајн банка X.com, која подоцна стана дел од PayPal.
Маск на состанокот со вработените рече дека планот за развој на ваква платформа е направен уште во 2000 година.
- Поради некоја причина PayPal, кога беше купен од услугата за е-трговија eBay, не само што не го имплементира остатокот од списокот, туку всушност врати (на старите) еден куп основни функции, што е лудо. Значи, PayPal е всушност помалку комплетен производ од оној што го дизајниравме во јули 2000 година, пред 23 години – рече Маск.