Дали јас така би направила? Апсолутно не! Ѓоковиќ повторно е мета на критики: Мислам дека тоа не е добар начин!

Рене Стабс е позната како личност која многу често го критикува Новак Ѓоковиќ.

Сега поранешната тенисерка од Австралија повторно најде начин да го критикува Србинот чиј сервис го критикуваше од почетокот на кариерата.

– Сервисот на Новак, во раните денови, беше кошмар. Правеше двојни грешки, лактот му беше низок. Мислам дека Горан му помогна во тоа – истакна Рене Стабс, а потоа додаде:

– Кога го гледам сервисот на Новак, се прашувам: „Дали би го направила тоа? Апсолутно не. Мислам дека тоа не е добар начин. Но, тој најде начин да освојува поени и му оди повеќе од добро.

Новак Ѓоковиќ

Да потсетиме дека Рене Стабс еднаш изнесе бизарно тврдење дека Новак сè уште доминира во светскиот тенис поради пандемијата на коронавирус.

– Пандемијата не му беше пријател на Новак. Но, тоа што не беше вакциниран и не можеше да игра на три од четирите Грен слемови и веројатно да ги освои, му ја продолжи кариерата. Додека другите играа, тој можеше цело тоа време да го одмора телото и затоа мислам дека сето тоа му помогна. Иако верувам дека повеќе би сакал да може да игра – изјави тогаш таа.