Дали ја препознавате оваа убавица на сликата!? Таа денес е една од најатрактивните пејачки, а оваа фотографија направи хаос на интернет! (фото)

Милица Павловиќ со години важи за вистинска „мачка“ на балканската јавна сцена, а сега на социјалните мрежи почна да кружи нејзина досега невидена фотографија која, во најмала рака, ја изненади јавноста.

Имено, на еден српски интернет сајт се појави фотографија од Милица од нејзиното детство, а многумина не ни препознаа дека девојката која позира е всушност таа.

Неверојатно е колку не личи на себе. Некои нејзини фанови отидоа чекор понатаму и го споредија детето од фотографијата со Славица Ќуктераш.

„Душо, колку си слатка“, „Ова повеќе ми личи на Славица, ама нека е Милица“, „Вистинска кукла, преслатка е“, се само дел од коментарите под објавата на социјалната мрежа Инстаграм.

Инаку, покрај бројните настапи, Милица Павловиќ во декември закажа и солистички концерт во белградска арена, а неодамна објави и дуетска песна со колешката и пријателка Јелена Карлеуша, која ги воодушеви нивните фанови.