Дани Алвеш се расплака на суд откако ги откри деталите од интимната врска со девојка

Судењето на еден од најдобрите десни бекови во историјата, Дани Алвеш, започна пред два дена, а на денешното рочиште Бразилецот не можеше да ги задржи солзите и во еден момент целосно се скрши. Имено, Дани Алвеш беше обвинет дека силувал девојка во клуб во алкохолизирана состојба, а за време на денешната презентација детално објасни што всушност се случило кобната ноќ.

“Се сретнав со моите пријатели и отидовме на вечера во ресторан. Стигнавме околу 14:30 часот. Бидејќи долго време не се видoвме, седевме до еден по полноќ. Нарачавме пет шишиња вино и едно шише јапонско виски. Испив две шишиња вино и чаша виски, а потоа ја продолживме забавата со пријателите во клубот.Таму ја сретнавме девојката која ме обвинува за силување. Имено, дојдовме на сепаре и почнавме да танцуваме. Недолго потоа дојдоа две девојки, на кои подоцна им се придружија уште три, меѓу кои и нејзините две другарки. Воопшто не им беше непријатно, дојдоа и почнаа да не поздравуваат“, изјави поранешниот ас на Барселона.

Тој раскажа како после тоа интимно заиграле и дека во еден момент отишол во тоалет.

“Таа клекна пред мене. Ги соблеков панталоните и седнав на капакот на вц школката. Не ја удрив, ниту ја фрлив на земја. Таа не ми кажа дека не сака да имаме секс. “, рекол Алвеш, а на крајот од говорот заплака

“Кога го напуштивме клубот, мојата жена спиеше дома. Никогаш повеќе не ја видов жената што ме тужеше и нејзините пријатели. Подоцна видов дека ме обвинуваат за силување во медиумите. Мојот свет се сруши. Бев уништен бидејќи ми ги блокираа сите договори во Бразил “, рече Алвеш и се расплака.

Да потсетиме, на поранешниот бразилски репрезентативец му се закануваше затворска казна од 12 години за делото за кое се товари.