Англискиот фудбалски стратег Шон Дајч е назначен денеска за нов тренер на премиерлигашот Евертон со задача да му обезбеди опстанок сезонава на клубот од Ливерпул, кој во моментов е на претпоследното место на табелата со 15 бодови од 20 натпревари.
Дајч потпиша договор на две и пол години, а на клупата на Евертон седнува една недела откако му беше врачен отказ на Френк Лампард, по серијата од десет натпревари без победа.
„Чест е да се биде тренер на Евертон. Стручниот штаб и јас сме подготвени и желни да му помогнеме на овој клуб да се врати на вистинскиот пат“, изјави 51-годишниот Дајч.
Неговото деби на клупата на Евертон е најавено за 4 февруари кога во Ливерпул ќе гостува лидерот во Премиер лигата Арсенал.
Дајч претходно во кариерата ги предводеше Ватфорд и Барнли.