Дваесет и пет годишно момче извршило обљуба над 81-годишна старица од Струмичко

Дваесет и пет годишниот А.В. од село Косевица, Општина Македонска Каменица, се сомничи од полицијата дека извршил обљуба врз 81-годишна старица од Струмичко.

Според информацијата од СВР Струмица, тој бил уапсен синоќа околу 22:30 часот од полицајци од Полициското одделение Ново Село.

-Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, стои во информацијата на СВР Струмица.

Од ОЈО Струмица информираа дека грозоморниот настан се случил вчера наутро околу 3:30 часот и на осомниченит бараат да му се одреди мерка притвор.