КОЈ САКА ДА СИ ПОИГРА СО ИНТЕГРИТЕТОТ НА ЦРНА ГОРА !? Објавени нови детали за ‘кртовите’ кои го ископаа филмскиот тунел: Полицијата им прави фотороботи, а сторителите можно е да се од Србија

Од депото на Врховниот суд во Подгорица се украдени три пиштоли, кои биле доказ во постапка против членови на Кавачкиот клан за убиства извршени во 2015, 2016 и 2020 година, пишуваат црногорските медиуми.

Од депото исчезнаа три пиштоли што ги користеле во пресметки меѓу криминални кланови, односно ги користеле членови на Кавачкиот клан во пресметките со членовите на Шкаљарскиот клан“, пишуваат тамошните медиуми.

Да потсетиме, во вторникот беше откриено дека непознати лица по кои се трага ископале тунел долг 30 метри, кој води од стан спроти судската палата во Подгорица, под улицата, до надворешниот ѕид од депото на Врховниот суд каде се чуваат предмети – дрога, оружје, телефони, компјутери и други предмети што се користат како доказ во постапките.

Користени дрвени потпори
Тунелот во Врховниот суд на Црна Гора

Црногорските медиуми објавија дека инспекторите досега откриле дека шест лица учествувале во копањето на тунелот и дека наводно станува збор за лица кои не се државјани на Црна Гора, односно се државјани на земји од регионот, но не е прецизирано дали имаат врски со Србија. Според нив, се трага по сторителите, а врз основа на расположливите докази е наредено создавање на фоторобот. Извори од истрагата откриваат дека четворицата биле постојано маскирани со капи.

Во тунелот се пронајдени куршуми, а од безбедносните камери е направена снимка од околните згради околу судот што може да помогне да се идентификуваат оние кои го ископале тунелот“, откриваат изворите за црногорските медиуми.

Да потсетиме, вчера доцна попладне беше пронајдено и комбе за кое постои сомневање дека било употребено, а во станот од кој почнало копањето, пронајдени се докази кои укажуваат на сторителите. 

Медиумите вчера објавија дека полицајците забележале дека некој си „играл“ со предмети поврзани со постапката против водачите на Кавачкиот клан, Слободан Кашчелан и Радој Звицер, кој се во бегство, и дека дури тогаш била откриена дупката на ѕидот. Неофицијални извори откриваат дека тунелот од станот до судницата бил прооден, но низ него не можело да помине пополно лице. Откриле дека некои делови на тунелот биле обложени со дрвени носачи кои биле зајакнати со пур-пена.

Истражителите се сомневаат дека работата на копање на тунелот почнала на крајот на јули, бидејќи осомничените тогаш изнајмиле стан во Подгорица. Времето на издавање на станот, за кое користеле фалсификувани документи, како што досега беше утврдено, се поклопило со почетокот на градежните работи на зградата на судот.