Поранешен фудбалер на Партизан сака(ше) да се вклучи во политиката: “Татко ми работи за ЦИА”

Не се задржа долго во Партизан.

Камерунскиот дефанзивец Маки Бањак пристигна во Партизан од Олимпија Љубљана летото 2020 година и беше во сериозни планови на тогашниот тренер Саво Милошевиќ.

Но, тие планови брзо пропаднаа бидејќи сезоната за црно-белите не започна добро, па Милошевиќ поднесе оставка по поразот од Војводина, а Бањак не успеа да се наметне кај неговиот наследник Александар Станојевиќ.

Својата кариера ја продолжи следната година во казахстански Каират, од каде зимава замина на позајмица во руски Пари НН (Нижни Новгород).

И веднаш го привлече вниманието на тамошната јавност со една интересна изјава што ја објави порталот „Спорт24“. На почетокот го прашале за семејството, а Бањак не сакал ништо да крие.

„Мајка ми не работи, а татко ми е во ЦИА, во локалната специјална служба. Уште како дете мислев да се вклучам во политиката. Но, следејќи го мојот постар брат, се заинтересирав за фудбалот. Се сеќавам дека играв со моите пријатели на дожд на песочни полиња – чизмите не ми беа соодветни за тоа, па ги соблеков“, објаснува Бањак.

Секако, во разговорот се осврна и на неговиот престој во Партизан.

„Во Партизан играв секое коло, а потоа се смени тренерот. И еден убав ден – чао! Имав договор на три години, бев решен да го направам тоа, но не како резервна опција. Отидов во Србија да играм, за на крајот само да се тренирам. Ситуацијата се промени и тогаш морав да сменам нешто“, објасни Бањак.