Дванаесетгодишник со огнено оружје ранил тројца соученици во основно училиште во Финска

 – Дванаесетгодишен ученик пукал од огнено оружје во основно училиште во предградие на Хелсинки, главниот град на Финска, и ранил тројца соученици. Засега не се познати причините што довеле до овој акт.

Во основно училиште во градот Ванта, предградие на Хелсинки, се случил инцидент кога 12-годишно момче пукало од огнено оружје во своите соученици од одделението, ранувајќи тројца од нив. Полицијата го приведе осомниченото момче.

Финската полиција соопшти дека реагирала на пријавата за вооружен напад во училиште. Станува збор за основното училиште „Виертола“ во градот Ванта, кој е предградие на главниот град Хелсинки. Во училиштето наставата ја следат околу 800 деца, а вработени се 90 лица.

Подоцна полицијата соопшти дека случајот е завршен. Извршителот бил малолетник, кој набрзо бил фатен и приведен.

Тројцата ранети ученици се пренесени во болница.