Двајца загинати и десетици повредени во сообраќајна несреќа во Баварија

Две лица го загубија животот, а десетици други се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која се случи како последица на последователен судир на автомобили во Баварија, Германија.

На автопатот каде што се случи несреќата се појавија многу спасувачки екипи и хеликоптери кои привремено го затворија сообраќајот додека полицијата не изврши увид и не им помогне на повредените,

Две лица загинаа, а десетици се повредени во серија сообраќајни несреќи на автопатот А3 на југот на германската покраина Баварија.

Локалните власти велат дека околу 40 автомобили директно учествувале во верижната несреќа која се случила во 4 часот по полноќ како последица на силен дожд во близина на градот Вурцбург.

Властите велат дека инцидентот е резултат на три одделни судири, кои на крајот доведоа до затворање на автопатот А3 во правец на Нирнберг

Портпаролот на полицијата изјави дека во несреќата најпрвин учествувале неколку автомобили, каде потоа верижно се судриле други автомобили.