Две девојчиња повредени во напад во училиште во Берлин

– Берлинската полиција соопшти дека две мали деца се тешко повредени во напад на училиште во јужниот дел на германскиот главен град.

Повредени се девојчиња на возраст од седум и осум години. Едно од нив е во животна опасност.

Полицијата соопшти дека привела и еден осомничен. Засега нема повеќе детали за случајот.