Две земји играат важна улога: „Рускиот гас минува низ нас“

Бугарија и Турција ќе останат сигурни транзитни рути за испорака на гас во Унгарија, обезбедувајќи ја енергетската безбедност на земјата.

Ова го изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по билатералните разговори со бугарскиот и турскиот претседател Румен Радев и Реџеп Таип Ердоган на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија.

Двете земји играат важна улога во обезбедувањето на гас за Унгарија, што „сигурно“ ќе остане така, со оглед на тоа што Унгарија веќе добива гас од Русија преку Турција, Бугарија и Србија, рече тој, пренесе МТИ.

„И бугарскиот и турскиот претседател изразија јасен став и ветија дека нивните земји ќе ни обезбедат сигурен транзитен пат во наредните години“, рече Сијарто.

Тој го поздрави фактот што е потпишан договор со Турција, според кој таа земја во вториот и третиот квартал од годинава на Унгарија ќе и испорача 275 милиони кубни метри гас.

Сијарто рече дека Унгарија ќе биде првата земја, веднаш до соседот Турција, која ќе увезува турски гас.