Повторно лапсуз: Уште колку, Бајден?

Американскиот претседател Џозеф Бајден двапати ја помеша Газа со Украина, истовремено најавувајќи дека САД мора да обезбедат хуманитарна помош за Палестинците.

Американскиот претседател потврди дека хуманитарната помош ќе биде фрлена од авион во Газа и рече дека Вашингтон инсистира Израел да направи повеќе за да им пружи помош на гладните, зафатени од војна, велејќи дека животите на децата се во сериозен ризик.

Сепак, Бајден двапати збунето рече дека помошта ќе биде испратена во Украина со исфрлање од авионот, принудувајќи ги претставниците на Белата куќа да објаснат дека мислел на Газа.

Бајден ова го изјави за време на посетата на италијанскиот премиер Џорџо Мелони на Вашингтон.

„Помошта што доаѓа во Газа не е доволна, ниту блиску. Невините животи се во сериозна опасност, како и животите на децата. Нема да стоиме и да гледаме додека не добиеме поголема помош таму. Треба да донесеме стотици камиони во Газа. не само неколку“, рече тој.